Данил Медведев потврди дека се наоѓа во одлична форма откако со извонреден настап во изминатата седмица се закити со трофејот на Мастерс-турнирот во Мајами. Русинот во големото финале го совлада Синер со 2-0 во сетови, негова шест победа во шестиот меѓусебен дуел со овој ривал.
Синер влезе во финалето на крилјата на извонредниот полуфинален триумф над Алкараз, италијанскиот тенисер дури и успеа прв да стигне до брејк, но немаше сили да го издржи ритамот. Медведев направи рибрејк веќе на следниот гејм на сервис на Синер, по што Русинот беше поумешен во самата завршница од првиот сет, правејќи нов брејк за водство од 7-5.
Италијанецот делуваше шокирано, а рускиот тенисер знаеше како да го искористи тоа, направи брејк во раната фаза од вториот сет и умешно ја одржуваше предноста до самиот крај и конечните 6-3.
Ова беше петти мастерс-трофеј за Медвед, но и прва позначајна титула за рускиот тенисер по победата на УС Опен во 2021 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

