Големата награда на Русија во Формула 1 од 2023 година повеќе нема да се вози во олимпиското Сочи на црноморското крајбрежје, зашто Русија гради нова и атрактивна патека во близина на Санкт Петербург.
Русија и Ф1 постигнале договор за преместување на гранприто од Сочи на северот од најголемата држава на светот, а патеката ја дизајнираше легендарниот Херман Тилке, а според најавите оваа патека ќе има десет различни распореди на патеки на површина од 150 хектари.
„Задоволство ми е да потврдам после заеднички интензивни работи со нашите руски партнери и деталната проценка на Игор Драјв, дека Ф1 ќе се вози од 2023 година на таа нова патека. Јас сум импресиониран од Санкт Петербург, и верувам дека ГН на Русија во иднина ќе биде неверојатен настан“, рече првиот човек и извршен директор на Ф1, Стефано Доминкали.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

