Македонските боксери Ален Рустемовски и Арјан Исени во осминафиналето ги завршија своите настапи на Светското бокс првенство за сениори кое во организација на ИБА се одржува во Дубаи, ОАЕ.
Рустемовски во осминафиналната пресметка во категоријата до 60 килограми загуби од Акмал Убедиов од Таџикистан, со едногласна одлука на судиите од 0-5. Претходно, во 1/16-финалето македонскиот боксер со 5-0 го победи Николас Девлин од Шкотска.
И, Арјан Исени во категоријата до 80 килограми загуби со одлука на судиите од 5-0, откако претходно славеше во 1/16-финалето.
На Светското првенство во Дубаи настапуваат 428 боксери од 118 земји.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

