Македонскиот боксер Ален Рустемовски се закити со бронзен медал на Балканското првенство кое се одржува во Албена, Бугарија.
Рустемовски имаше одлична полуфинална борба, но загуби тесно на поени со 2-3 од Украинецот Аидер Абдураиомов па на крај мораше да се задоволи со бронзата на шампионатот.
Место во полуфиналето на Балканското првенство обезбедија и Дион Лена, Илхан Озмен и Арјан Исени кои ќе се борат во своите категории за влез во финалето.
ПОЛУФИНАЛНИ БОРБИ:
63,5 кг – Дион Лена (Македонија) – Красимир Атанасов Џуров (Бугарија)
67 кг – Илхан Озмен (Македонија) – Владислав Гуџи (Молдавија)
80 кг – Арјан Исени (Македонија) – Кристијан Николов (Бугарија)
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА