Рустемовски во полуфиналето на Европското првенство во бокс, осигурана најмалку бронза

Македонскиот боксер Адријан Рустемовски се пласираше во полуфиналето на Европското првенство во бокс за млади сениори до 23 години кое се одржува во Ереван, Ерменија, во организација на ЕУБЦ.

Во четвртфиналната пресметка, во категоријата до 60 килограми, Рустемовски извојува сигурна победа против Словакот Лукас Вимислицки.

На тој начин, Адријан се пласира во полуфиналето со што си го обезбеди најмалку бронзениот медал на шампионатот, иако секако желбата е пласман во финалето.

Се вчитува...