Баерн Минхен успеа да ја прекине неочекуваната серија од три порази во Бундес-лигата откако кошаркарите на Светислав Пешиќ попладнево славеа на домашен терен над Кемниц со убедливи 91-77.
Тимот на нашиот Ненад Димитријевиќ одигра егал прво полувреме против гостинот во чиј стручен штаб се наоѓа Ѓорѓи Кочов, но Баерн потоа додаде гас во вторите 20 минути (45-32), стигна до двоцифрена предност и на крајот славеше со конечните „плус четиринаесет“.
Македонскиот репрезентативец мина на теренот 17 минути, период во кој успеа да реализира 10 поени надополнети со 3 скока, 4 аситенции и 2 украдени топки.
Најефикасни во таборот на Баерн во оваа победа беа Рејтан Мејс со 16 и Да Силва и Џесап со по 15 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

