Вардар ја продолжи победничката низа во домашното ракометно првенство откако во 18. коло од Суперлигата славеше на домашен терен со 36-25 против Прилеп потврдувајќи ја фаворитската улога.
Вардарци триумфот го најавија уште од самиот старт на средбата во која имаа постојана резултатска контрола, одолевајќи на налетот на гостите кои во еден момент намалија и на негатива од еден напад. На полувремето сепак резултатот гласеше 16-12, а во вторите 30. минути „црвено-црните“ не дозволија никаква надеж.
Продолжија за играат во претпознатливиот ритам, Прилеп немаше решение па до крајот на средбата следеше мирен финиш за 16. триумф во сезоната.
Со осум голови Лазаревски беше лидер на Вардар, шест постигна Ашраф, а пет Аларов. Шавановиќ беше лидер на Прилеп со девет голови, а Квастек забележа седум.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

