Бутел ја оправда фаворитската улога против составот на Вардар Неготино, рутински славејќи со 26-19 за печат на третото место во својата Суперлигашка група и пренесување на еден бод во плејофот.
Цврстата одбрана беше заштитен знак на „бутелци“ и на овој дуел, тие им дозволија на гостите само седум гола во првото полувреме (12-7), оставајќи ги гостите од Неготино под 20 постигнати гола за 60 минути игра. Во фазата на нападот, најефикасни кај Бутел беа Николов и Спасовски со по пет погодоци, додека прв стрелец на Вардар Неготино беше Орешков со седум постигнати гола.
Нови бодови очекувано прокнижи и тимот на Еурофарм Пелистер 2, кој на домашен терен ја совлада Струга со 22-17. Цврстите одбрани и слабата игра во нападот го одбележаа првото полувреме во кое беа постигнати вкупно 18 гола (12-6), по што младиот битолски состав рутински ја задржа предноста и ја претвори во конечен триумф. Митревски со шест гола беше прв стрелец на победничкиот тим, додека Бошњак ги предводеше стрелците на Струга со осум погодоци.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА