Рутински победи на Синер и Медведев на стартот на мастерсот во Шангај

Еден од најдобрите тенисери во светот, Јаник Синер на рутински начин ја почна одбраната на титулата на АТП мастерс 1000 турнирот кој се игра во кинескиот град, Шангај.

Италијанецот во второто коло без проблеми славеше против Германецот, Даниел Алтмаер со максимални 2-0, по сетови 6-3 и 6-3. Во следното коло Синер ќе се сретне со Холанѓанецот, Талон Грикспор.

Во следното коло рутински се пласираше и Русинот, Данил Медведев кој славеше против Далибор Сврчина од Чешка со 2-0, по сетови 6-1 и 6-1.

Се вчитува...