Македонскиот ракометен вицпервак, Еурофарм Работник продолжува со екипирање на составот за следната сезона во која ќе биде дел покрај од домашното првнество и од СЕХА лигата. Битолскиот клуб потпиша двегодишен договор со словенечкиот ракометар Анже Ратајац. Средниот бек досега беше дел од австрискиот Ферлах.
Ратајац ќе ја засили конкуренцијата на клучното место во организацијата на играта и веќе од следниот месец ќе му се стави на располагање на шефот на стручниот штаб Стевче Алушовски.
Словенецот е четврто ново има во таборот на вицешампионот по Маџовски, Митревски и Велковски. Подготовките за новата сезона Еурофарм Работник ќе ги започне во третата недела од месец јули.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА