Скубе, Чупиќ и Сикошек Пелко во тимот на месецот вo СЕХА лигата (ВИДЕО)

Тројца играчи на бранителот на титулата, Вардар се најдоа во изборот за седумтемина најдобри во ноември во СЕХА лигата. Сташ Скубе, Иван Чупиќ и Домен Сикошек Пелко се на листата ракометари кои оставиле најдобар впечаток и најмногу придонеле за клубот на нивните позиции во настапите во регионалното натпреварување во изминатите 30 дена.

Најдобрите 7 во СЕХА во ноември:

голман: Тодор Јандриќ (Металопластика)
лево крило: Милош Грозданиќ (Војводина)
лев бек: Борут Мацковшек (Веспрем)
среден бек: Сташ Скубе (Вардар)
десен бек: Микита Ваилупау (Мешков Брест)
десно крило: Иван Чупиќ (Војводина)
кружен напаѓач: Домен Сикошек Пелко (Вардар)
тренер: Веселин Вуковиќ (Металопластика)

Се вчитува...