Репрезентативниот голман Игор Алексовски зимава би можел да направи трансфер во странство. Азербејџанскиот Сабаил веќе му испратил понуда, пишува порталот „Footballarena” од таа земја.
Алексовски во есенскиот дел од сезоната го носеше дресот на Работнички, со кого му истече договорот и сега треба да одлучи за следната дестинација.
Во минатото беше стандарден У21 репрезентативец, а во последните години и стандардно добива повици и во сениорската репрезентација, но без официјален настап за А националниот тим досега.
View this post on Instagram
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА