Сабаленка без изгубен сет до титулата во Синсинати

Арина Сабаленка е победничка на тенискиот турнир во Синсинати.

Белорусинката по 74 минути игра ја совлада шестата светска тенисерка Американката Џесика Пегула со 6:3, 7:5.

Така таа по повеќе од шест месеци стигна до титулата без загубен сет на турнирот. Таа беше најдобра во Мелбурн, а ова е и нејзин прв ВТА 1.000 пехар на тврда подлога од Доха 2020 година.

По триумфот во Торонто минатата недела, Пегула не успеа да го освои Синсинати, но имаше одлична серија од девет последователни победи.

Таа беше на прагот да стане првата тенисерка по 50 години што ги освоила титулите во Канада и Синсинати по Ивон Гулагонг во 1973 година. Сепак, Сабаленка ја спречи да направи такво нешто.

Се вчитува...