Сабаленка без проблеми до финале во Мадрид (ВИДЕО)

Белоруската тенисерка Арина Сабаленка се пласираше во финалето на турнирот од серијата 1.000 во Мадрид победувајќи ја во полуфиналето Елина Свитолина, со 2-0 во сетови – 6-3, 7-5.

Светската тенисерка број еден стигна до своето трето едноподруго финале на ВТА 1.000, како и до своето трето едноподруго финале во Мадрид. Таа ќе ја брка својата 20-та титула во сабота против Коко Гоф, која претходно ја победи Ига Швјонтек.

Ова беше петта победа на Арина во шест натпревари против Елина, и тоа со мали тешкотии. Белорусинката го доби првиот сет без поголеми проблеми, а потоа вториот го започна со брејк.

Финалето во Мадрид е закажано за утре (сабота) во 18:30 часот. Тоа ќе биде десетта средба меѓу Белорусинката и Американката, а Гоф моментално води со 5-4 во победи.

Се вчитува...