Сабаленка чекори кон прва титула на Вимблдон

Арина Сабаленка продолжува со импресивните изданија на Вимблдон, откако белоруската тенисерка стигна до четвртфиналето по рутинскиот триумф над Елис Мертенс од Белгија. Првата носителка повторно делуваше импресивно на теренот, користејќи ја секоја грешка или промашен прв сервис на противничката за да преземе контрола и да стигне до победата.

Сабаленка го доби првиот сет so 6-4, a Mертенс стигна до брејк во вториот сет поведувајќи со 1-3. Следеше соодветен одговор на БЕлорусинката и пресврт за водство од 4-3, но вториот сет беше решен во тајбрејк. Во него – поумешна беше фаворитката која со неколку беспрекорни удари во завршницата славеше со 7-4 за место во четвртфиналето.

Таму првата носителка ќе се сретне со германската ветеранка Зигмунд, која денеска славеше со 2-0 во сетови над Аргентинката Сиера и на 37-годишна возраст стигна до своето прво четвртфинале на Вимблдон во кариерата.

Вимблдон е единствениот гранслем турнир на кој Сабаленка нема стигнато до финалето, а останува да се види дали таа „црна серија“ ќе биде прекината годинава.

Се вчитува...