Арина Сабаленка во голем стил ја заврши 2024, а на идентичен начин ја стартуваша и новата 2025 година, откако прворангираната светска тенисерка се закити со трофејот на турнирот во Бризбејн, што се играше за награден фонд од вкупно 1,66 милиони евра.
Белорусинката лани стигна до финалето, а годинава направи чекор напред и се закити со трофејот откако во мечот за титулата беше подобра од Полина Кудерметова, триумфирајќи со 2-1 во сетови. Русинката изненади и го доби првиот сет со 4-6, но Азаренка презеде целосна контрола во остатокот од мечот, славејќи со 6-3, 6-2 во вториот и третиот сет за заслужена победа во ова финале.
Белоруската тенисерка очигледно во топ-форма ќе го дочека новото издание на Австралија Опен, каде Азаренка стигнуваше до титулата и во 2023 и во 2024 година. Таа е во лов на несекојдневен подвиг, три години по ред да се закити со трофејот во Мелбурн, нешто што се нема случено во последните 26 години во женскиот тенис. Последна на која тоа и има успеано е Мартина Хингис, која доминираше на Австралија Опен од 1997 до 1999 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА