Сабаленка до прв трофеј во Индијан Велс

Арина Сабаленка се зацврсти на чело на ВТА-листата откако белоруската тенисерка се закити со пехарот на турнирот во Индијан Велс, прва титула за Арина на овој силен турнир во нејзината кариера.

Таа за противничка во големото финале ја имаше Елена Рибакина која се наоѓаше во топ-форма и имаше дванаесет победи во низа над тенисерките од Топ 10 на ВТА-листата, но Сабаленка во драматична битка успеа да стигне до победата.

Рибакина подобро го отвори мечот добивајќи го првиот сет со 3-6, но Сабаленка возврати со идентични 6-3 во вториот сет. Во решавачкиот сет се играше максимално израмнето, победничката мораше да биде решена во тајбрејк во кој Сабаленка најпрвин спаси една меч-топка на Рибакина, пред на крајот да слави со 8-6.

Се вчитува...