Сабаленка е на една победа до врвот на ВТА-листата

Арина Сабаленка е на еден чекор до врвот на ВТА-листата откако белоруската тенисерка успеа да се пласира во полуфиналето на Вимблдон. Таа во денешното прво четвртфинале ја совлада Американката Медисон Кис со 2-0 во сетови, со што е единствена тенисерка која се пласирала во полуфиналето на сите три овогодишни гранслем турнири (Австралија опен, Ролан Гарос и Вимблдон).

Сабаленка тргна моќно и рутински го доби првиот сет со 6-2. Кис заигра далеку подобро во вториот сет, американската тенисерка дури имаше и предност од 2-4, но тогаш Белорусинката додаде гас, почна повторно да доминира на теренот и со голем пресврт победи со 4-2.

Доколку успее да слави во утрешното полуфинале против победничката од дуелот меѓу Рибакина и Жабур, Сабаленка ќе ја мине Ига Швијонтек на врвот на рангирањето на светските тенисерки, откако првата носителка вчера беше поразена во четвртфиналето на Вимблдон.

Се вчитува...