Белоруската тенисерка Арија Сабаљенка стигна до првата гранд-слем титула во кариерата откако славеше на првиот гранд-слем турнир во сезоната Австралија опен.
Белорусинката во финалето по голема победа со пресврт славеше над Казахстанакта Елина Рибакина со 2-1 по сетови 4-6, 6-3 и 6-4. Казахстанката подобро го отвори натпреварот доаѓајќи до брз брејк. Сабаљенка успеа да резултатски да се вратит 4-4, но со уште еден брејк Рибакина го реши првиот сет во своја корист (6-4).
Во вториот сет Белорусинката заигра далеку подобро. Многу помалку грешеше па успеа одличната игра да ја материјализира со освојување на сетот (6-3) и да го одведе мечот во одлучувачкиот трет сет. Таму одигра феноменално добивајќи го со 6-4 за прва гранд-слем титула во кариерата.
Утре на програмата е машкото финале во кое ќе се сретнат Новак Ѓоковиќ и Стефанос Циципас.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

