Сабаленка фуриозно до финале во Мајами

Најдобрата тенисерка на денешницата, Арина Сабаленка е првата финалистка на ВТА турнирот од серијата 1000 кој се игра во Мајами.

Белорусинката во полуфиналето на убедлив начин славеше над италијанската тенисерка Јасмин Паолини со максимални 2-0, по сетови 6-2 и 6-2.

Во финалето Сабаленка ја чека подобрата од дуелот меѓу домашната Џесика Пегула и филипинската сензација Александра Еала.

Се вчитува...