Најдобрата светска тенисерка Арина Сабаленка по убедливата победа против Олга Даниловиќ со максимални 2-0 отворено проговори за патот до врвот и предизвиците со кои се соочува.
Таа вели дека многу тренери на почетокот збореле за неа дека е глупава и дека никогаш нема да успее.
„Слушнав многу тренери кои велат дека сум глупава и дека никогаш нема да успеам. Само се смеев и размислував, ќе видиме. Сега сакам да им испратам кратка порака. Ништо не разбираат и подобро е да ја напуштат оваа работа за да спасат други играчи“, изјави Сабаленка.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

