Арина Сабаленка продолжи со одличните настапи на Ролан Гарос, обезбедувјаќи пласман во полуфиналето откако денеска рутински триумфираше над Женг Кинвен од Кина со 2-0 во сетови.
Женг испиша историја откако лани на терените во Париз стигна до олимписко злато, кинеската тенисерка минатиот месец во Рим ја совлада Сабаленка за првпат во својата кариера, но не можеше истиот успех да го повтори и во денешното четвртфинале.
Таа имаше предност од 2-4 во првиот сет, но Сабаленка успеа да се врати и во тајбрејк да триумфира со 7-3. Првата носителка потоа направи три брејка во низа пред крајот на вториот сет, славејќи со конечни 6-3 за пласман во полуфиналето, каде ја очекува подобрата од дуелот Свитолина – Швијонтек.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

