Белоруската тенисерка Арина Сабаленка си обезбеди место во осминафиналето на Отвореното првенство на САД.
Најдобрата тенисерка во светот ја победи Лејла Фернандез, поранешна финалистка во Њујорк, во два сета со 6-3 и 7-6(2), по само еден час и 40 минути игра. Ова беше нивниот втор судир и прв по победата на Фернандез на истото место во полуфиналето во 2021 година.
Доколку Канаѓанката искористеше една од четирите брејк-топки што ги имаше во првиот гем, којзнае во која насока ќе одеше овој натпревар.
Ова не беше голема пречка за Сабаленка во првиот сет, додека во вториот сет противничката пружи некаков отпор. Фернандез успеа да го однесе сетот до тај-брејк, но таму беше целосно инфериорна, освојувајќи само два поени.
Сабаленка ќе игра против Кристина Буска од Шпанија во следната рунда.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

