Сабаленка и Жабер нема да играат на ЛОИ во Париз

Една од најдобрите тенисерки на денешницата, Арина Сабаленка го откажа својот настап на Летните олимписки игри во Париз.

Белоурисинката ја објави оваа информација, велејќи дека се одлучила за ваков потег, поради згуснатиот распоре кој ќе го има сезонава, а во првплан ги става настапите на Вимблдон и УС опен.

На игрите во Париз, нема да игра и двократната финалистка на Вимблдон, Онс Жабер, на која главна цел летово ќе и биде конечно да стигне до титулата во „Ол ингланд“ клубот.

Се вчитува...