Сабаљенка ќе ја предизвика Рибакина во финалето на Австралија опен

Белорусинката Арина Сабаљенка е вториот финалист во женскиот дел од турнирот на првиот гранд-слем турнир во сезоната Австралија опен.

Петтата носителка во Мелбурн во второто полуфинале славеше над Полјачката Магда Линет со 2-0 по сетови 7-6 и 6-2. Првиот сет ни донесе вистинска борба, а Сабаљенка дури во тај-брејкот успеа да го урне отпорот на Линет (7-1). Во вториот сет брзиот брејк и даде комотно водство и сигурен триумф од 6-2 за прво гранд-слем финале во кариерата.

Таму за противничка ќе ја има Елина Рибакина од Казахстан која во првото полуфинале славеше над втората Белорусинка, Викторија Азаренка исто така со максимални 2-0 (7-6 и 6-3).

Се вчитува...