Сабаленка на Алкараз му се обрати со Јаник, тој се закани дека ќе замине (ВИДЕО)

Големиот лапсус на Арина Сабаленка не можеше да го расипе доброто расположение на шампионите на Отвореното првенство на САД.

„Не направив тик-ток со Јаник, оф извини Карлос, жал ми е“, рече Белорусинката за време на заедничко гостување на американска телевизија. 

Алкараз тоа не го сфати сериозно и со добро расположение како и секогаш, прво се „закани“ дека ќе стане и ќе си замине, а потоа ја утеши својата колешка:

„Девет часот е наутро, не грижи се. Сè е во ред“, рече Алкараз. 

Она што феноменално ги поврзува новите шампионки од Њујорк е нивниот секогаш позитивен дух.

Се вчитува...