Најдобрата тенисерка во светот, Арина Сабаленка по неверојатен трилер меч се пласираше во полуфиналето на ВТА турнирот во Берлин.
Таа во четвртфиналето во неверојатен меч беше подобра од Елена Рибакина од Казахстан со 2-1, по сетови 7-6, 4-6 и 7-6.
Белорусинката во тај-брејкот во третиот сет спаси и четири меч топки откако имаше негатива од 2-6. Во полуфиналето Сабаленка ќе се сретне со Маркета Вондрушова од Чешка.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

