Сабаленка посилна од Женг за полуфинале во Мајами

Светската тенисерка број еден, Белорусинката Арина Сабаленка се пласираше во полуфиналето на ВТА турнирот во Мајами.

Белорусинката славеше против Квинвен Женг од Кина со 2-0, во сетови 6-2, 7-5. Сабаленка по час и 37 минути игра ја совлада деветтопласираната светска тенисерка.

Во полуфиналето Сабаленка ќе игра против Италијанката Јасмин Паолини, која во два сета ја совлада Магда Линет со 6-3, 6-2.

Во второто полуфинале, ќе играат подобрите од двата дуели меѓу Ема Радукану – Џесика Пегула и Александра Еала – Ига Швјонтек.

Се вчитува...