Белоруската тенисерка Арина Сабаленка е првата финалистка на Австралија Опен!
Во првата полуфинална пресметка, втората носителка на турнирот Сабаленка во два сета славеше против Американката Гоф (6. место на ВТА листата).
Првиот сет Сабаленка иако имаше гем-брејк предност уште од стартот, сепак на крај го доби во тај-брејкот со 7-6(2), а во вториот славеше нешто полесно со 6-4 за финале на првиот грандслем турнир годинава.
Во финалето ќе се соочи со подобрата од пресметката меѓу Украинката Јастремска и Кинеската Женг.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

