Сабаленка граби кон одбрана на титулата во Синсинати

Најдобрата тенисерка во светот, Белорусинката Арина Сабаленка, се пласираше во четвртфиналето на ВТА турнирот во Синсинати, откако утрово во осминафиналето ја победи Џесика Бузас Манеиро од Шпанија со 6:1, 7:5.

Мечот траеше 81 минута. Ова беше втор дуел помеѓу Шпанката и белоруската тенисерка, а втор триумф за Сабаленка, која ја брани титулата на турнирот во Синсинати.

Сабаленка ќе игра во четвртфиналето на турнирот во Синсинати против Елена Рибакина од Казахстан, која утрово ја победи Американката Медисон Кис со 6:7 (3:7), 6:4, 6:2.

Русинката Ана Калинскаја исто така се пласираше во четвртфиналето, победувајќи ја сонародничката Екатерина Александрова со 3:6, 7:6 (7:5), 6:1.

Калинскаја во четвртфиналето ќе се сретне со Полјачката Ига Швјонтек.

Се вчитува...