Арина Сабаленка убедливо го стартуваше настапот на Ролан Гарос. Втората светска тенисерка против Ерика Андрејева на терен се задржа само еден час, славејќи со 6-1 и 6-2.
Беше тоа само полесен тренинг за Белорусинката која оваа година е со амбиции да го освои Париз.
Нејзина следна противничка ќе биде победничката од мечот меѓу Ирена Бурилјо од Шпанија и Јапонката Мојука Учијама.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

