Првопласираната на ВТА листата Арина Сабаленка, победнички го заврши 1/8 финалето на Ролан Гарос, откако успеа да ја победи Анисимова со 2-0 во сетови 7-5, 6-3. Сабаленка доминираше во текот на целиот меч, и со само мали падови, успеа на крајот супериорно да се пласира во следната фаза од францускиот Грен слем.
Противничка на Сабаленка во 1/4 финалето ќе биде Женг од Кина, која со 2-1 ја совлада Самсонова. Во следната фаза оди и некогашната број 1 Ига Швјонтек. Швјонтек беше подобра од Рибакина со 1-2.
Полската тенисерка ќе игра против Свитолина во 1/4 финалето, која претходно ја елиминираше Паолини во изненадувачки меч, со оглед дека Италијанката беше блага фаворитка.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

