Сабаленка: „Си реков на самата себе – Арина тоа нема да ти се повтори“

Белорусинката Арина Сабаленка се пласираше во финалето на УС Опен, но, како што вели, не планира да и се повтори минатата година кога загуби од Коко Гоф.

Сабаленка сега, против Американката Џесика Пегула во финалето, ќе има нова можност да го подигне својот трет грандслем трофеј, и прв надвор од Мелбурн.

„Минатата година беше тешка лекција за мене. Овој пат си реков: ‘Не, не, не, Арина, нема да ти се повтори истото. Мора да ги контролирам емоциите и да се фокусирам на себе. Има луѓе кои ме поддржуваат, и на нв се фокусирам, на мојот тим во бокс, тоа е тоа“ – вели Сабаленка, откривајќи притоа зошто не била на Олимписките игри во Париз.

„Се повредив на Вимблдон, и не можев да играм. Мојата одлука беше поврзана и со тешкиот распоред, мора да жртвувате нешто. Не се каам. Имав добар, неопходен одмор, за да ги расчистам малку и мислите пред УС Опен“ – дополнува Белорусинката.

Се вчитува...