Сабаленка со трофејот во Мајами во одбрано друштво на женскиот тенис

Арина Сабаленка го потврди статусот на најдобра тенисерка на денешницата откако Белорусинката се закити со трофејот во Мајами, во финалето совладувајќи ја домашната миленичка Коко Гауф со 2-1 во сетови.

Со овој триумф, Сабаленка стана само петта тенисерка во историјата што успеала да го комплетира така наречениот „Саншајн дабл“ (да стигне до трофеите во Индијан Велс и во Мајами во иста календарска година).

Последна на која тоа и успеало беше Швијонтек во 2022 година, а претходно вакво остварување имаше само уште три тенисерки, Штефи Граф, Ким Клајстерс и Викторија Азаренка.

Сабаленка почна одлично и го доби првиот сет со 6-2. Гауф возврати славејќи во вториот со 4-6, но првата носителка беше најдобра кога се решаваше победникот, стигна до брејк и со конечните 6-3 го одбрани трофејот што го освои и лани.

Се вчитува...