Арина Сабаленка рутински се пласираше во третото коло од Вимблдон, откако денеска славеше со 2-0 во сетови против Мари Бужкова. Тенисерката од Чешка е 48. рангирана на последната ВТА-листа, достојно и се спротивстави на Сабаленка, но Белорусинката се покажа како пресилен ривал во клучните моменти и заслужено се пласираше во следната рунда.
Првиот сет беше решен во тајбрејк, во кој по израмнетите 4-4 Сабаленка блесна кога беше најважно и славеше со 7-4. Следеше и брејк во вториот сет по кој првата светска тенисерка знаеше како да го сочува сопствениот сервис и да слави со конечни 6-4. Нејзина противничка во третото коло ќе биде победничката од дуелот меѓу Радукану и Вондрушова.
Американката Медисон Кис како осма носителка беше пресилна за српската тенисерка Олга Даниловиќ. Србинката се мачеше да влезе во ритам на тревнатата подлога, а Кис го искористи тоа за рутински триумф од 6-4, 6-2.
Дона Векиќ неславно го заврши настапот на Вимблдон откако во второто коло загуби од Кристина Букса со 0-2 во сетови. Шпанската тенисерка е 102. на последната ВТА-листа, но денеска делуваше супериорно во однос на ривалката од Хрватска, заслужено славејќи со 6-1, 6-3.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

