Сабаленка тргна моќно на Ролан Гарос

Само еден час игра беше доволен за Арина Сабаленка да стигне до победа во првото коло од Ролан Гарос, откако белоруската тенисерка експресно ја совлада Камила Рахимова со убедливи 6-1, 6-0. Првата носителка веќе има освоено три трофеи оваа календарска година, но Сабаленка е максимално мотивирана ако се знае дека досега во својата колекција нема пехар од гранслем турнирот од Париз.

Таа одигра перфектно против ривалката што реално беше далеку под нејзиниот квалитет, лесно стигна до второто коло, каде ќе се сретне со подобрата од дуелот Тихман – Стефанини.

Лесно до победата во првото коло стигна и Свитолина, која триумфираше со убедливи 6-1, 6-1 во пресметката со Сонмез од Турција.

На самиот старт елиминирана беше Петра Квитова, која загуби од Викторија Голубиќ од Швајцарија со 1-2 во сетови. Квитова го доби првиот сет со 3-6, но Голубиќ потоа презеде целосна контрола, добивајќи ги следните два сета со 6-0, 6-4 за пласман во второто коло.

На машкиот дел од турнирот, Унгарецот Фукович славеше со максимални 3-0 во сетови над Скулкате од Австралија, а пласман во следната рунда обезбеди и Србинот Меџедовиќ, кој со 6-3, 6-3, 7-6 триумфираше над полскиот тенисер Мајжак.

Се вчитува...