Сабаленка втор пат по ред е најдобра тенисерка на годината

Белорусинката Арина Сабаленка е одбрана за најдобра тенисерка на годината во изборот на Женската тениска асоцијација (ВТА), втора година по ред.

Според официјалните информации Сабаленка добила 80 отсто од гласовите на медиумите во сезоната во која освои најголем број на победи (63) и постави рекорд по заработка во сингл конкуренцијата со 15.008.519 долари.

Сабаленка оваа сезона освои најголем број на титули во женската конкуренција (4) меѓу кои и трофеј на УС Опен, а исто така одигра и најголем број на финални натпревари (9).

Покрај трофејот во Њујорк, славеше и во Бризбејн, Мајами, Мадрид и целата година ја помина на првото место на ВТА листата.

Се вчитува...