Сабаленка за финалето: Не верував дека ќе се врати по 0-3…

Арина Сабаленка не го крие воодушевувањето откако конечно успеа да стигне до титулата на УС Опен, по голема битка славејќи над Џесика Пегула со 7-5, 7-5.

Особено интересно беше во вториот сет, во кој Сабаленка отвори со водство од 0-3, но Американката освои пет гејма во низа и стигна на работ на израмнување на 1-1 во сетови. Белоруската тенисерка пред две години прокоцка водство од 4-2 во решавачкиот сет од полуфиналето со Ига Швијонтек, но овојпат не ја повтори грешката, се разбуди во вистински момент и со нов пресврт стигна до победата што и го донесе и големиот пехар.

„Среќна сум, пресреќна… Сето она што ми се случуваше во претходните години кога бев толку блиску… сега сето тоа е зад мене, затоа и денеска задоволството е толку големо. Финалето беше многу тешко, Пегула играше неверојатно. Искрено, не верував дека ќе се врати по оние 3-0 за мене, но таа беше импресивна во тие моменти. Успеав да го преживеам најтешкото и потоа триумфирав во еден од најзначајните мечеви во мојата кариера“, изјави Сабаленка.

Ова и беше трет гранслем трофеј во кариерата на Белорусинката, која во колекцијата има и два пехара од Австралија Опен.

Се вчитува...