Сабаленка за само 49 минути стигна до првата победа во 2026 година

Арина Сабаленка ја започна 2026 година со стил. Најдобрата тенисерка на светот загуби само еден гем од Шпанката Кристина Букса во второто коло од турнирот во Бризбејн. Мечот кој траеше точно 49 минути првиот светски рекет го доби со максимални 2-0, по сетови 6-0 и 6-1

Се чинеше дека Белорусинката нема да и дозволи гем на противничката во овој дуел, но Шпанката успеа да го освои 12 гем во меч и на задоволство на публиката, се запиша на семафорот.

Сабаленка во следното коло ќе се сретне со Романката, Сорана Кирстеа.

Се вчитува...