Белоруската тенисерка Арина Сабаленка зборуваше околу израмнување на паричните награди на машките и женските тениски турнири во светот.
„Од секој можен аспект е неправедно жените да не заработуваат исто како и мажите. И од аспект на ТВ права, и од продажба на билети, и од интерес за тенисот, од секој можен аспект“ – вели Сабаленка и дополнува:
„Секако момците ќе бидат секогаш физички посилни од жените, но тоа не значи дека ние не работиме така напорно како и тие. Жените заслужуваат да бидат платени еднакво како и мажите“.
Белорусинката пред неколку денови ја освои титулата во Синсинати како увертира за тоа што ја очекува на УС Опен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

