Сабалјенка преку Плишкова до полуфинале на УС опен

Белоруската тенисерка Арија Сабалјенка се пласираше во полуфиналето на последниот гранд-слем турнир во сезоната УС опен. Таа во четвртфиналниот меч славеше над чешката тенисерка, Каролина Плишкова со максимални 2-0, по сетови 6-1 и 7-6.

Во првиот сет Белорусинката одигра неверојатно и го доби на експресен начин за само 29 минути игра. Во вториот сет Чехинката даде поголем отпор, но немаше сила за ништо повеќе од тоа да го одведе сетот во тај-брејк.

Сабалјенка противникот во полуфиналето ќе го добие по мечот меѓу првата носителка Ига Швјонтек и домашната Џесика Пегуља.

Се вчитува...