ЕКИПА во Брест, Белорусија
Томас Ѓорѓиевски
Тренерот на актуелниот шампион во СЕХА лигата, Хавиер Сабате на ден пред новото финале со Вардар не ги штеди пофалбите за стратегот на македонскиот шампион, Раул Гонзалез.
Според Сабате, Раул Гонзалез во моментов е најдобриот тренер во светот, без никакви сомнежи…
„Откако Гонзалез и Дејвис дојдоа во Вардар, тимот израсна во една велесила, со многу квалитетни играчи, кои одлично го сработуваат она што Раул ќе им го каже. Без никакви сомнежи, Раул во моментов е најдобриот тренер на светот, Вардар може да биде среќен што има тренер како него, вистински професионалец. Сезонава во Лигата на шампиони не успеавме да забележиме победа против нив, па се надевам дека оваа наша трета средба ќе заврши во наша корист. Секако тие ќе бараат одмазда поради поразот од минатото финале, знам дека тоа ќе им биде најголемата мотивација. Но, ние сме погдотвени за секој предизвик. Очекувам финале во вистинската смисла на зборот“ – изјави Сабате на денешната средба со медиумите пред утрешната финална пресметка во Брест.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА