Директорот на Болоња, Валтер Сабатини не можеше да ги сокрие солзите на прес-конференција која ја свика српскиот стратег Синиша Михајловиќ соопштувајќи ја веста дека болува од леукемија. Но, Сабатини собра сили информирајќи дека оваа ситуација ништо не менува, а Михајловиќ останува тренер на Болоња.
„Синиша покажа голема храброст закажувајќи ја оваа прес-конференција. Тука сме сите ние да го поддржиме, семејството Сапуто допатува од Монтреал. Овој човек секогаш ќе може да смета на Болоња. Ќе биде со нас и натаму, и ние ќе бидеме со него што и да се случи. Иако, може да ви кажам дека ништо нема да се случи затоа што овој човек е навистина храбар и силен“ – рече Сабатини притоа дополнувајќи.
„И, да. Нека биде јасно. Со новата ситуација ништо не се менува. Синиша останува тренер на Болоња!“
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА