Серена и Венус Вилијамс нема да бидат во составот на репрезентацијата на САД на гостувањето против Франција во полуфиналето на Фед Купот. Двобојот е е закажан за 21 и 22 април на терените во Екс-ен-Прованс.
Во составот на американската репрезентација која ја брани титулата во Фед купот, за прв пат од 2016 година се Медисон Кис и Бретани Матекс-Сандс, а квартетот го дополнуваат шампионката на УС Опен, Слоун Стивенс и Коко Вандевеге.
Во репрезентацијата на Франција, прв рекет ќе биде 19.тенисерка на ВТА листата, Кристина Младеновиќ, а тимот го дополнуваат Полин Парментие и Амандин Ес. Седморангоирата на ВТА листата, Каролин Гарсија го откажа настапот за да се концентрира на својата кариера во сингл. Алис Корне пак не е вклучена во тимот поради истрагата за три пропуштени допинг-тестови во последната година.
Франција и САД ќе играат по 14.пати меѓусебе, Американките водат во меѓусебните дуели со 11-2.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА