Репрезентацијата на Соединетите американски држави е последниот патник во полуфиналето на Голд купот откако триумфираше над Коста Рика со 3-2 по изведување на пенали.
Костариканците први стигнаа до предност преку Калво кој реализираше пенал во 12. минута од средбата. САД имаше шанса да изедначи уште во 37. минута, но Тилман не го совлада противничкиот голман од белата точка. Во 43. минута сепак Американците изедначија преку Луна.
САД стигна и до целосен пресврт во 47. минута кога мрежата ја затресе Арфстен, но водството траеше само до 71. минута кога Мартинез донесе ново изедначување.
Во пенал рулетот попрецизни беа Американците кои во полуфиналето ќе си ги одмерат силите со Гватемала.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

