САД и Бразил во битка за златото во женскиот фудбал

Репрезентациите на САД и на Бразил ќе играат во женското финале во фудбал на ЛОИ во Париз, и ќе се борат за златниот медал.

Селекцијата на САД после продолженија ја освлада Германија минимално со 1-0. Во 95. минута Смит успеа да постигне гол и да ги однесе Американките во финале.

Далаку поефикасни беа фудбалерките на Бразил, кои со 4-2 ја победија селекцијата на Шпанија. Автогол на Паредес, па Портилњо донесоа 2-0 на полувремето за „Селесао“. Адриана во 72. минута погоди за 3-0, Параљуело намали на 3-1, а на 4-1 зголеми Керолин во првата минута од судиското надополнување. Шпанските фудбалерки само ја намалија разликата длабоко во судиското надополнување.

Се вчитува...