САД ја прекина соработката со селекторот Берхалтер

Фудбалската федерација на САД го отпушти селекторот на машката репрезентација Грег Берхалтер по елиминацијата во првата фаза од Копа Америка, на која токму Американците беа домаќини.

Берхалтер пред 10 месеци по вторпат ја презеде репрезентацијата со која оствари седум победи, забележа шест порази и имаше едно реми. Во два мандати ја предводеше селекцијата на САД до 44 победи, 13 нерешени и 17 порази.

Репрезентацијата на САД ќе се врати на меѓународната сцена во септември, со пријателските натпревари против Канада и Нов Зеланд.

Медиумите шпекулираа дека меѓу кандидатите за нов селектор се и Јирген Клоп, Тиери Анри и Марсело Биелса, како и Џеси Марч, Давид Вагнер, Масимилијано Алегри и Маурисио Покетино.

Се вчитува...