САД ќе бидат никогаш послаби на Мундобаскетот

Кошаркарската репрезентација на Соединетите Американски Држави ќе биде никогаш послаба на Светското првенство кое од 25. август до 10. септември ќе се игра во Филипини, Јапонија и Индонезија.

Селекторот Стив Кер има големи проблеми, откако буквално сите ѕвезди го откажаа настапот на Мундобаскетот.

Тимот на САД ќе го сочинуваат: Џерен Џексон (Мемфис), Брендон Инграм (Њу Орлеанс), Ентони Едвардс (Минесота), Тајрис Халибартон (Индијана), Остин Ривс (ЛА Лејкерс), Микал Бриџис (Бруклин), Боби Портис (Милвоки), Џејлен Брансон (Њу Јорк), Вокер Кеслер (Јута).

Американските репрезентативци ќе ги започнат подготовките за СП на 3. август во Лас Вегас, а до почетокот на Мундобаскетот ќе одиграат осум пријателски натпревари.

САД ќе играат во групата Ц со Грција, Нов Зеланд и Јордан.

Се вчитува...