САД конечно погоди – ремек дело на Рајт (ВИДЕО)

САД го направи натпреварот уште поинтересен, откако во 75. минута дадоа гол и го намалија водството на Холандија на 2-1.

Сосема заслужено Американците погодија и тоа преку Рајт кој постигна прекрасен гол. Пулишиќ асистираше, а невообичаено Рајт ја зафати топката со врвот на копачката во пад, и таа заврши во мрежата.

Веднаш потоа уште една нова шанса на САД, но Нуперт стигна да расчисти на 25 метри пред Рајт да ја земе топката. ЌЕ има уште многу возбудувања до крајот на мечот.

Претходно и Холандија преку Компајнерс имаше шанса да дојде и до трет гол, но Тарнер не му дозволи.

Се вчитува...