Џејсон Тејтум е топ тема на разговор во кошаркарскиот свет, но поради одличните игри на Американецот на кои сме навикнати туку поради неговото незадоволство што го преседе првиот натпревар на Летните олимписки игри во Париз.
Ѕвездата на Бостон кој и се приклучи на репрезентацијата по освојување на НБА лигата не доби шанса на средбата против Србија на големо незадоволство, но ќе биде на теренот на средбата против Јужен Судан, потврди селекторот Стив Кер.
„Се почувстував како идиот што изоставив некој од калибарот на Тјетум. Но, најтешкиот дел од задачата го имам јас бидејќи морам да одлучам кој од овие кошаркари од светска класа, едни од најдобрите на светот нема да настапат.
Од една страна нема смисла да не играте некој како Тејтум, но од друга страна се што барам од овие момци е да се препишат на победа на еден натпревар и да продолжиме кон следниот. И во иднина ќе морам да носам вакви одлуки. Мораме да ги контролираме емоциите и да се фокусираме на победите“, изјави Кер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА